Барселона конечно успеа во своите редови да ја доведе најголемата желба во овој трансфер период, Бразилецот Фелипе Кутињо. Долго траеше трансфер сагата за “младиот магионичар”, Ливерпул одби три неверојатни понуди, но од Барселона беа упорни.
Ливерпул подготви и замена за Кутињо, а тоа е Томас Лемар од Монако, за кого се подготвува мега понуда во финишот на трансфер периодот. Освен него, Црвените повторно ќе се обидат да го доведат Виржил Ван Дајк, кој е најголема желба за Јирген Клоп, бидејќи на Ливерпул најпотребно му е да ја зајакнат одбраната која им е “најслаба алка” во тимот.
Заминувањето на Кутињо ќе влијае на играта на Ливерпул, но и без него тимот на Јирген Клоп е убиствен во нападот, а тоа најдобро можеше да се види во дeрбито против Арсенал во претходното коло на “Премиер лигата”, кога ги “растурија” Топџиите на “Енфилд” со 4:0.
Барселона заработи големи пари од продажбата на Нејмар во ПСЖ, односно 222 милиони евра. Кутињо пристигнува како замена за Нејмар, а исто така пристигна и Осман Дембеле од Борусија Дортмунд.
Трансферот на Кутињо ќе биде втор најголем трансфер во историјата на фудбалот, околу 160 милиони евра.
Ф.Г.