Интер се договори со “црвените ѓаволи” околу отштетата која на крајот ќе изнесува 52 милиони евра. Сега хрватскиот репрезентативец треба да ги договори сопствените услови. Претходно се споменуваше дека Хрватот ќе заработува 7 милиони евра годишна плата, со договор на 4 години.
Досега на првите две места беа играчите на Реал Мадрид, Лика Модриќ (43милиони) и Матео Ковачиќ (30). Интер е присилен да продаде клучен играч поради финансискиот фер-плеј, а одлуката е тоа да биде Иван Перишиќ и покрај одличната сезона на Сан Сиро. Во Сериа А одигра 36 мечеви, постигна 11 голови, заедно со 8 асистенции.
Интер одлично ќе заработи на него. Имајќи во предвид дека во 2015 години за него плати 20 милиони евра доведувајќи го од Волфсбург.
А.Г.