ГОЛЕМИНАТА НА ЕДНА ДЕВОЈКА ОД ПРИЛЕП која ќе ве исполни со надеж дека сеуште постојат прекрасни луѓе

До нашата редакција пристигна една објава од Фејсбук групата “Женски домаќински муабети”, каде една девојка испишала гест кој ќе ве исполни со верба и надеж дека сеуште постојат големи луѓе во срцата.

Се работи за Тања Ристеска Цветаноска која напишала дека бесплатно ќе и направи фризура и шминка на некоја полуматурантка која не може да си го дозволи тоа.

Знаеме сите на колку голем трошок се изложени родителите кои во своите домови имаат матуранти или полуматуранти во овој период од годината.

Не секој може да си дозволи на своите најмили да им го плати тоа што го сакаат, па овој гест е нешто што навистина вреди да се сподели.

Секоја чест!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.