Многу луѓе мачат мака со забниот камен – тврда наслага на површината на забите.
Стоматолозите предупредуваат дека забниот камен не настанува само кај луѓето со лоша орална хигиена, туку може да биде поврзан и со ортодонтски аномалии (збиени, ротирани заби) при што отежнато е нивното чистење.
“Најчесто се создава на внатрешната страна на долните предни заби, како и на горните предни заби. Настанува кога на забите останува биофилм (остатоци од храна) кој не сме успеале да го отстраниме со секојдневната орална хигиена, а се што ќе остане на површината на забите се минерализира во рок од 48 часа”, истакнуваат стоматолозите.
А.Г.