ГАРАНЦИИТЕ НЕ БЕА ИСПОЧИТУВАНИ: Иванов ќе ги активира гаранциите на Заев? (ВИДЕО)

По синоќешното изгласување на Законот за употреба на јазиците, со свое обраќање во јавноста излезе и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

-“Од тие причини, од тогашниот мандатар, а сегашен премиер, побарав да добијам писмени гаранции дека новата коалициска влада, со своите политички мотивирани потези, нема да го загрози суверенитетот и уставниот поредок на Република Македонија.

Гаранциите беа дадени, но не беа испочитувани.

Законот за употреба на јазиците, на начинот на кој што е напишан, но и изгласан, ќе предизвика целосна блокада на работата на институциите.

Во услови на блокада на институциите, голема е веројатноста да се отвори прашањето за редефинирање на нашето уставно уредување.

Законот за употреба на јазиците е неправеден и репресивен закон, кој фаворизира само еден јазик.

Ваков закон ќе ги продлабочи меѓуетничките тензии и претставува закана по меѓуетничкиот соживот”, посочи македонскиот претседател.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.