Во Тетово за Бадник веќе со години наназад луѓето под маски дефилираат по улиците.
Во речиси секое маало се палат бадникови огнови, се поставува посна трпеза. со години наназад маскенбалот е вистинска атракција. Тетовци живеат за овој ден.
Оваа традиција во Тетово опстојува со години и секоја нова генерација се помасовно ја прифаќа, иако речиси никој не знае од каде точно и зошто се овие чешитни обичаи.
Тетовските улици и маала и годинава за Бадник беа вистински празник за очите. За годинешните уникатни и оригинални маски, долго ќе се раскажува.