Политичката кампања за престојните локални избори влезе во својата втора недела. ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за својот можеби најголем митинг во Прилеп, кој е закажан за петок 06.10 со почеток од 20:30 часот, а до тогаш активно ја презентира својата програма пред граѓаните и новите проекти за градот под “Марковите Кули”.
Според реакциите на граѓаните и коментарите по социјалните мрежи и низ чаршијата, актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат Марјан Ристески, повторно ќе ја добие довербата, не само по направеното за градот, туку и поради идната визија, новата ера за Прилеп и конкретните проекти, со рокови и со конкретно предвидени средства.
Граѓаните велат дека ги препознале лагите од СДСМ. Пензионерите реагираат на измамата дека ќе добијат повисоки месечни примања, а сметките во банка покажале нешто сосем друго. Земјоделците кои во Прилеп ги има многу, реагираат на ветувањето за повисоки субвенции кои не ги добија, но и за најавата дека во иднина можат да останат и без постоечките.
Имено според најавата на премиерот Заев, субвенции нема да има за оние земјоделци кои во наредната година нема да остварат производство од 10% повеќе.
Деновиве пак очигледно најмногу измамени се стечајните работници од затворените фабрики во транзициониот период. Тогашната влада на СДСМ во Прилеп затвори голем број држани претпријатија, а илјадници луѓе останаа на улица. Прилеп во тоа време освен што бил оставен на заборав на времето во однос на инфраструктура, добил и цела армија на невработени.
Сега СДСМ им ветува на стечајните работници дека ќе ги обештети со новиот закон, меѓутоа според текстот на овој закон, ниту еден стечаен работник од Прилеп нема да се офајди.
Според законот работниот однос ќе се утврдува со М1 и М2 образец, а постапката за докажување на стажот ќе биде тешка затоа што електронска евиденција во Македонија има од 2000-та година па наваму! Потребно е работникот да има 15 години работен однос во претпријатие со доминантна државна сопственост. Тие 15 години да нема променето работно место, т.е. сите тие години стаж да се во едно државно претпријатие.
Ваквите состојби, но и очигледната збрканост на кандидатот за градоначалник од СДСМ во Прилеп, чии изјави деновиве се предмет на потсмев, а немањето на програма и расфрлањето со рокови од ракав, се протолкувани како потценување на избирачите.
Александар Г.