ГАЛЕРИЈА: Кога на вицепремиерот не му пали колата – брашното во Македонија може да почека

Вистински проблем имал српскиот вицепремиер и министер за трговија Расим Љајиќ кога поради снегот, неговиот автомобил не сакал да се помрдне. За да провери што се случува вицепремиерот без двоумење легнал во снегот за да погледне под автомобилот.

Тука веднаш се нашла камерата на Курир која тоа го документирала.

Инаку Љајиќ денеска требаше да се сретне со македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски, а на средбата требаше да се бараат начини да се надмине кризата со брашното која изби меѓу двете земји. Дали ова била причината за одложувањето на посетата не е познато.

Фото: kurir.rs




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.