На Прилеп не му се избледени сеќавањата од така наречениот “Отпор” на СДСМ непосредно пред локалните избори во 2013 година.
Протестите од отпорот тогаш секојдневно се случуваа и во Прилеп, а пратеникот Хари Локвенец кој денеска се жали на протестите пред неговиот дом и сегашниот градоначалник Илија Јованоски, беа во првиот ред на овие протести.
Ако им избледела меморијата, интернетот памети, па сеуште можат да се најдат стотици фотографии од протестите кои секојдневно ги вознемируваа прилепчани.
Започнуваа од центарот на градот, а потоа секој ден движеа низ различно маало, посетувајќи ги домовите на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ.
Се викаше по секоја улица, и тоа со денови! Не беше ли и тоа нарушување на јавниот ред и мир?!
И за крај, на транспарентите тогаш пишување “Maкедонија над се”, а не “Македонија двојазична”.