ГАЛЕРИЈА: “Доцна синоќа запалена викендицата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп”

Синоќа околу 23:00 часот непознати сторители ја запалиле викендицата на Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Интервенирала противпожарната единица, а увидот би требало да биде можност да се најдат сторителите на овој чин.

Повеќе информации за мотивот и дали во ова има политичка позадина во текот на денот.

Петар Ристески е Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп и координатор на советничката група на партијата во Советот на општина Прилеп.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.