По денешното рочиште за случајот „Тенк“, кое заврши за половина час, експремиерот Никола Груевски излегувајќи од судот, си купи ѓеврече и јогурт од продавачот пред Судската палата, а потоа застана да се слика со минувачите.
Почесниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ речиси секој ден има рочиште, а како што самиот истакна, истите судии кои за него остануваат на работа до 18.30 часот, на Заев му закажуваат судење на месец дена.