Tри триумфи во низа, за 7-мо место на табелата и обезбедување на сигурен опстанок. Победа попладнево на Градскиот стадион во Штип ја совлада екипата на Брегалница со 1:2 (0:0 на полувремето) и стигна до седмата позиција на табелата која значи избегнување на бараж за опстанок во Првата фудбалска лига.
Мотивирани од претходните два триумфи кај Шкупи и на домашен терен против Шкендија, победашите и денес тргнаа победнички и во поход кон нови три бода.
После неефикасното прво полувреме, најпрво Гешоски од пенал во 64-тата минута ја донесе Победа во водство, а брзо потоа во 77-та минута стрелаше и Недановски за 0:2. За Брегалница Мировски во 80-тата минута намали на 1:2.
Во наредното коло Победа на домашен терен ја пречекува екипата на фенерџиите Македонија Ѓорче Петров, а потоа му гостува на Работнички и во последното коло ја пречекува Ренова.