Страсен вљубеник во животните од Прилеп синоќа низ строгиот центар на градот го прошета својот миленик.
Затоа што чувањето мачка и куче е клише, негов миленик е домашна бела овца која фасцинираше со нејзиното бело и меко крзно.
Овцата верно го следеше својот газда и мирно парадираше низ плоштадот, како да е на некоја модна писта.
Сето тоа беше проследено од исполнетата со луѓе прилепска чаршија, a “љубоморните” прилепчани “се восхитуваа” на храброста и делото на овој нивни сограѓанин.