На 14-ти март 2017 (вторник) со почеток во 13 часот во х. Кристал Палас во Прилеп се одржа вториот бизнис форум со стопанственици од Прилеп и втората група партиципиенти во проектот “Рурални иницијативи за вработување”.
Промотивниот настан ќе има за цел да изгради мост помеѓу невработени лица припадници на социјално ранливи категории и работодавачи и стопанственици од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани и да помогне во нивно поефективно вклучување на пазарот на трудот.
Проектот се спроведува во рамките на ИПА програмата за Развој на човечки ресурси; грантова шема Поттикнување на социјална инклузија. Проектот е финансиран од Делегацијата на ЕУ, а спроведуван од Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за Финансии на Република Македонија.
Главната цел на проектот е да е да ја зголеми вработеноста и вработливоста на лица од социјално ранливите категории, невработени лица вклучувајќи ги и лицата корисници на социјална помош од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани, да помогне во нивната социјална интеграција, како и да ја подобри нивната компетенција која ќе биде клучна во добивањето на постојана работа.