Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и свежо, на западот и југот со повремен локален дожд, а во североисточните делови ќе има сончеви периоди.
Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно и посвежо со кратки сончеви периоди. Утринската ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Утре се уште на повеќе места ќе има зголемена облачност, но ќе биде суво. Потоа ќе биде посончево и малку потопло преку денот, но со пониски утрински температури. Нов влажен бран се очекува од средината на наредната недела.