Овој викенд е продолжен викенд, сабота и недела ќе има сонце, но во понеделник нема да имаме среќа.
Имено, во недела во доцните попладневни и во вечерните часови зголемување на облачноста. Во понеделник и вторник под влијание на циклонска циркулација не очекува промена на временската состојба, продор на влажна и постудена воздушна маса која што ќе услови поинтензивни врнежи од дожд локално и над 20 литри и осетен пад на температурите, кои што на планините над 2000 метри ќе донесе и врнежи од снег.
Ќе дува и засилен северен и северозападен ветер што ќе достигне брзина и до 40 км/ч.
Во понеделник минималните температури од 5 до 13 степени, а максималните од 12 до 20 степени, додека пак во вторник утринските од 2 до 10 степени, а дневните од 9 до 17 степени.