„Враќањето на Дороти“ нова претстава во прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински”

Во театарот „Војдан Чернодрински“ се работи на нова претстава за деца. Станува збор за претставата „Враќањето на Дороти“(Дороти се враќа) во режија на Кирил Петрески. Ова е втор дел на популарната претстава „Волшебникот од Оз“.

Претставата е продолжување е на авантурите на Дороти во Оз, која се враќа кај своите пријатели, коишто на најмладата прилепска публика и се веќе добро познати.

-Секогаш е задоволство и уживање да се работи претстава за деца затоа што станува збор за специфична публика чија што фантазија, колку да се трудиме, нема да ја надминеме, но затоа можеме да ја разбрануваме, да ја поттикнеме. Но, исто така е и обврска, затоа што со овие претстави, на некој начин, инвестираме дваесет години во иднината и ја формираме нашата идна публика – вели режисерот Петрески.

Во претставата ќе играат Марија Спиркоска – Илиеска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Димитар Георгиевски, Јасмина Мицовска –Станкоска и Катерина Чакмакоска – Клинческа.

Премиерата е планирана за брзо, а овој проект ЦК„Марко Цепенков“ го реализира со сопствени средства.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.