Вработените во „Еурокомпозит“ излажани од Заев, ништо од најавената плата- oд денес на штрајк!

Владата на СДСМ, но и Зоран Заев лично повеќе пати до сега ветуваа дека проблемот со фабриката ќе биде решен, а вработените ќе си ги добијат своите плати и придонеси, но истото се испостави како лага. Вработените кои веќе со месеци се предмет на манипулација од властите по втор пат излегоа на протест, пишува порталот Курир

Протестот кој започна денес се очекува да продолжи и утре и во наредните денови, доколку повторно вработените не бидат предмет на уцени и закани да не смеат да излезат. Премиерот Заев на состанок со синдикалните претставници на „Еурокомпозит“ одржан пред вториот круг од локалните избори на 24.10.2017 година, вети дека владата на следната седница ќе донесе одлука за исплата на една плата на вработените на препријатието и ќе се погрижи за негово рестартирање.

-Следната недела на владина седница ќе се донесе одлука за обезбедување средства за една плата на вработените во Еурокомпозит. Веќе активно се разгледува можноста за решавање на егзистенцијалното прашање на вработените кои со месеци не примаат плата, преку Законот за материјално обезбедување невработени лица, поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, стоеше во владиното соопштение од пред две недели.

На средбата, синдикалните претставници беа информирани дека вработените во претпријатието ќе земат една плата, средствата од 10 милиони денари, следната недела. Се разгледува колку средства се потребни за набавка на потребните репроматеријали, за да се овозможи производство, што е во план исто така да биде обезбедено, стои понатаму во соопштенито од владата.

Поминаа 13 дена од ветената една недела, а вработените немаат ниту плата ниту најава за решавање на нивниот проблем. Вработените се чувствуваат предизборно измамени и искористени за продавање на евтин популизам од страна на владата. Од извори од терен дознаваме дека врз вработените се врши притисок да не излегуваат на штрајк.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.