Белград – Граѓаните синоќа биле запрепастени од погледот пред Домот за млади во центарот на Белград, каде на дофат биле изложени дрога, оружје и човечки органи.
За среќа, се работи само за реплики, кои ги поставиле противниците на одржувањето на фестивалот “Meрдита” (Добар ден) во Домот за млади.
Исто така, на штандовите биле поставени и маици со натписи УЧК, а во позадина стоеле мажи кои носат фантомки.
Членовите на српското здружение “Заветници” синоќа го прекинаа перформансот во Домот за млади во Белград, на фестивалот “Мердита – добар ден”.
Неколкумина членови на здружението успеале да влезат во салата во која се одвивал перформансот кој алудира на силувањето на Албанките од српските војници и искажале протест поради големоалбанската пропаганда во Белград.
А.Г.