Во среда концерт на Октетот “Прилеп”

КОНЦЕРТ НА ОКТЕТ ПРИЛЕП

Октетот ,,Прилеп,, во среда – 19 јули 2017г. од 20.00 часот во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен летен концерт. Пред љубителите на убавата староградска песна ќе се претстави  со богата програма, во која ќе бидат застапени дел композиции од постојаниот репертоар и дел кои за првпат ќе бидат исполнети пред публиката, како што се „Се посврши сербес Донка“, „Дигни си Маре мори очите“ , „Саноч седам Трено“, …и други.

Октетот години наназад работи под покровителство на ЦК,,Марко Цепенков,, и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега има издадено неколку албуми. Моментно со октетот раководи младата и амбициозна музичарка Валерија Николоска, a концертот е во рамките на Прилепското културно лето.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.