Во сите училишни објекти во Прилеп инвестирани се 12 милиони евра

Раководителот со секторот за образование во општина Прилеп, Марјан Матракоски  на вчерашната панел дискусија истакна дека пред доаѓањето на оваа локална самоуправа, децата во Прилеп седеле на истите столчиња на кои седеле и нивните родител и како што вели, сликата едноставно беше страшна.

panel

-Имавме објекти кои што беа изградени и во 20-тите години на 20. век, па некои стари по 50-60 години. Можете да замислите во каква состојба се наоѓаат по 50 години кога немаше инвестирано ништо, рече Матракоски.

Вели дека оваа локална самоуправа во 2006. година, со доаѓањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ почна интензивно да инвестира во општина Прилеп и условите за образование на децата.

-Во изминатите 12 години, од 2005 до 2017 година се инвестирани преку 12 милиони евра во сите училишни објеки. Што значи дека просечно имаме по еден милион евра годишно во училиштата, некоја година повеќе, некоја година помалку, посочи Матракоски.

Според него, најкрупните проекти кои општина Прилеп ги има реализирано се менувањето на столаријата во 10-тина училишта, реконструкција на ОУ „Гоце Делчев, изградбата на четири спортски сали.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.