(ГАЛЕРИЈА) Во прилепско одбележан празникот Вознесение Христово – Спасовден

_MG_8161

Со божествена литургија, режење на славскиот колач и водосвет денеска во неколку прилепски населени места како Волково, Кален, Вепрчани, Полчиште и други беше одбележан христијанскиот празник Вознесение Христово – Спасовден, кој воедно е и слава на овие села. На одбележувањето присуствуваа стотици граѓани, не само жителите кои моментално живеат таму, туку и оние кои одамна се иселиле, а за овие празници се враќаат назад во родното огниште да се видат со своите роднини и пријатели и заеднички да ги поминат овие празнични денови.

_MG_7874

_MG_7880

„Многу е убаво да се присуствува денеска тука, многу ми е мило што има доста луѓе присутни на овој манастир во селото Волково. Денеска навистина се чувствувам многу убаво и можам да кажам дека често пати се пријавувам да бидам домаќинка на славите во повеќе прилепски манастири“, рече Мирјана Чорбеска, домаќин на славата во манастирот во н.м. Волково.

_MG_7896

_MG_7901

„Јас прв пат сум домаќин во манастиров и многу се радувам што гледам дека тука се присутни голем број верници. Чувството да се биде домаќин е одлично и затоа и се пријавив минатата година“, кажа Љубе Седлоски, домаќин на славата во манастирот во н.м. Волково

_MG_7917

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, ги посети овие населени места честитајќи им го празникот на жителите и именденот на оние кои празнуваат овој ден.

_MG_7924

„Присуствуваме на уште еден голем христијански празник Вознесение Христово – Спасовден. Патот кој води до ова н.м. Волково и до манастирот се изгради минатата година. Неговата изградба е причина за да денес тука има голем број на присутни верници. Во иднина се планира да се догради овој пат до н.м. Прилепец и до манастирот до ова селото, така што и двата манастири и двете села во иднина ќе бидат поврзани со асфалтен пат. Исто така околу овој манастир во Волково предвидено е да се засадат дрвја и да се направи еден убав парк. Во оваа прилика им го честитам големиот празник на сите православни христијани во Македонија, им посакувам здравје, успех, среќа и радост, да имаат само убави моменти, да ги продолжиме овие наши традиции  и сите оние кои го носат името на денешниот ден нека им е честит именденот“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_7951

_MG_8040

Освен во Волково Ристески присуствуваше на одбележување на празникот и во мариовските села Кален и Полчиште.

_MG_8041

_MG_8042

Инаку според православната црква денеска се одбележуваат четириесет дена од Воскресението на Исус Христос. Господ во текот на 40 дена по своето Воскресение им се јавил на учениците, зборувајќи им за царството Божјо и им.

_MG_8083

_MG_8094

заповедал да не го напуштаат Ерусалим, туку да го чекаат слегувањето на Светиот Дух, на 50-тиот ден од Воскресението. Потоа ги извел своите ученици во Витанија, ги благословил и се вознел на небото. Овој празник се нарекува Спасовден затоа што во денот на Христовото вознесение се довршило делото на спасението.

_MG_8110




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.