Во пресрет на новата сезона РК “Филип Вардар” од Прилеп се подготвуваше во Босна и Херцеговина

na-turnir-vo-bih-se-podgotvuvaat-za-vardar-junior-ligata-13537

Сакајќи да бидат во што подобра форма за Вардар Јуниор лигата, екипите кои се дел од најдобрата Ракометна академија Вардар ја користат секоја шанса да одиграат турнири во Македонија и надвор. Таков е примерот и со Филип Вардар, чии момчиња и девојчиња во претходната сезона од Вардар Јуниор лигата беа шампиони во категоријата 2000/01, а во пресрет на новата сезона од најголемиот вардаров проект за млади, одиграа неколку натпревари на меѓународен турнир во Босна и Хецеговина.

Според тренерот на Филип Вардар, Александар Таневски станува збор за нов турнир на којшто шанса за докажување добила генерацијата 2002/03, но и неколку играчи од помладите категории.

„На турнирот Пирамида Куп, којшто пред една недела се одржа во Високо, во БиХ се натпреварувавме со една категорија – 2002/2003 машки. Овој турнир добро ни дојде, генерално да видиме со каков играчки потенцијал располагаме за следната сезона. Направивме целосна реконструкција на машкиот и женскиот тим од минатата сезона. Ослободивме од обврски тренер и неколку играчи што не ги дадоа очекуваните резултати. Презедовме одговорност да им дадеме поголема минутажа на помладите, односно децата родени 2004/2005 година. На наше изненадување децата покажаа спремност да се докажуваат и со постарите од нив”, вели Таневски.

Како и останатите наши школи, и Филип Вардар сезонава најмногу надеж полага во децата од категоријата 2004/05.

„За следната сезона во Јуниор лигата и во машка и во женска категорија ударна генерација ќе ни биде 2004/2005 година, а во РФМ ќе форсираме комбиниран тим со играчи од 2002 до 2005 година во кадетската конкуренција. Очекувањата за следната сезона се првенствено добро да се спремиме, да влеземе во секој натпревар мотивирани, а резултатот ќе си дојди сам по себе”, вели Таневски.

Извор: rkvardar.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.