Во општина Лозово на македонското сонце се гледа како на чума! Нов скандал го предизвика гневот на граѓаните (ФОТО)

Откако претходно преуредена беше општинската зграда, денеска обоена со бела боја и чешмата. Се крија шеснаесеткракото сонце, а токму тоа предизвика одново револт кај граѓаните од оваа општина на социјалните мрежи.

“Една слика, илјада зборови…..Зарем е возможно да се мрази сопствената држава до таа мера за да бидат прикриени сите нејзини обележја… Дали сепак градоначалникот повеке си го почитува Бугарското државјанство?! И дали да очекуваме во иднина овие бои да го заменат препознатливото сонце”??” – стои во една од објавите на Фејсбук.

Еве каков изглед претходно доби општинската зграда во Лозово:

Во дворот на општината прекриено беше државното знаме кое ја красеше портата и фонтаната.

Граѓаните по социјалните мрежи прашуваа и тогаш и сега дали новиот градоначалник од редовите на СДСМ Ацо Велковски, не се идентификува со државното знаме и со симболите на македонскиот народ?!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.