Живописниот италијански град Кандела би можел да биде остварување на вашите соништа, градоначалникот на тој град најави дека ќе плати 2.000 евра на секој кој ќе се досели во него.
Во овој град во 90-тите години од минатиот век живееле 8.000 луѓе, а сега ги има 2.700.
-Во далечните 1960-ти, овој град го нарекувале мал Неапол, а улиците беа полни со туристи, продавници, деца, кажа Гата.
Поради лошата финансиска состојба, многу млади во последните децении го напуштиле овој град, барајќи работа на друго место.
Заменик градоначалникот Стефано Башчинели прецизираше дека на самците кои ќе се доселат ќе им биде платено 800 евра, на паровите 1.200, на трочлените семејства од 1.500 до 1.800 евра, а повеќе од 2.000 евра ќе добијат четиричлените и петчлените семејства.
Но, постојат два услови, семејствата кои ќе се доселат во Кандела мораат да изнајмат една од постоечките куќи, како и да најдат работа со приход од најмалку 7.500 евра годишно.
Во Кандела на овој начин веќе се доселиле шест семејства од северот на Италија, а уште пет од нив се пријавиле.
-Не сакаме нас да ни дојдат луѓе кои не сакаат да работат, сите нови жители мораат да работат и да имаат приходи, кажа Башчинели.
Едно од семејствата кои се доселиле работа обезбедиле така што со парите кои ги добиле од градските власти, отвориле киоск за весници.
-Овде животот е мирен и едноставен. Нема гужва, лесно е да се движиш по целиот град, нема сообраќах, ниту смог, вели фотографот Франческо Девечио, кој исто така одлучил среќата да си ја побара во Кандела.
Добра работа е што во близина на ова место, на само еден час возење има преубави плажи.