Во овие земји ги молат луѓето да имаат што повеќе секс, а им нудат дури и пари за тоа!

Можеби ќе помислите дека ова всушност е добра вест, но ова е рак рана за многу земји во светот. Ако во некои земји оддеднаш се смали работната сила, бидејќи една генерација оди во пензија, ќе нема кој да ја замени. Потоа настануваат проблеми со социјална помош и ред други последици. Ова се само некои земји кои се соочуваат со сериозни проблеми на полето на наталитетот.

Во Шпанија наталитетот е критично намален, па државата за почеток ангажира експерти за оваа ситуација да се промени.

Во Хонг Конг популацијата е исто така намалена и просекот е 1,8 деца на една жена. Во 2013 година властите ветувале парична награда со цел да ги охрабрат паровите да имаат деца.

Во Италија просекот изнесува 1,43 деца на една жена, што е под европскиот стандард. Тие покренале бројни кампањи под слоганот “Убавината не знае за години, плодноста знае”. За жал, нивните напори не вродиле некој голем резултат.

Индија нема проблем со наталитет, но Парсите се заедница која сепак се смалува. Нивната стратегија исто така подразбира реклами кои пропагираат секс без кондоми – “Бидете одговорни и немојте да користите кондом вечерва”, стоело во рекламата.

Данса има просек од 1,73 деца на една жена, па една агенција за патување ветувала награди за сите деца кои ќе бидат зачнати за време на некое од патувањата уплатени во агенцијата.

Проблемот е доста голем и во Русија, па во 2007 година, 12 септември е прогласен за национален “Ден на зачетокот”. Жените кои би родиле девет месеци подоцна, добивале фрижедери како поклон.

Во Јапонија ги користат роботите за зголемување на наталитетот. Всушност група студенти во 2010 година го измислиле “Јотаро”, робот специјализиран да ги подучува паровите на родителство.

Јужна Кореја го промовира концептот семејство на секој можен начин, од пари за паровите кои имаат повеќе од едно дете до гаснење на светлото секоја среда во 19 часот за така наречен “семеен ден”.

Сингапур има најнизок просек од 0,81 дете на една жена. Земјата троши околу 1,6 милијарди фунти годишно на програма која ги охрабрува паровите да имаат повеќе секс, пишува Индепендент.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.