Во ова застрашувачко место во Берлин далечната 1936 години се одржале Олимписките игри кои го означиле почетокот на една нова ера (ФОТО)

Дури 5000 спортисти биле сместени во олимпиското село кое било специјално направено за таа прилика, кое денес е вистинска руина

Таа далечна 1936. година одржани се 11 летни Олимписки игри, во германскиот град Берлин, а истите биле во живо пренесувани на телевизија, при што бил означен почетокот на една нова ера.

Поставени се нови стандарди, а тие игри биле запомнети по Нацистичката партија, која во тоа време сеуште не била на власт, но спортот го искористила за да ја промовира својата нова идеологија.

Иако Германците доминирале во многу спортови, триумфите на спортистите од другите земји доаѓале како шамари за нацистичката филозофија. Најпознат од нив бил Џеси Овенс, кој освоил четири златни медали. Поради победата на Џеси, германскиот лидер Адолф Хитлер го напуштил олимпискиот стадион, поради тоа што не сакал да му се додели медал поради црната боја на кожата.

Антифашистите имале во план да одржат “Народна Олимпијада” во Барселона, како алтернатива и протест на Олимпијадата во Берлин. Тие игри не се одржале поради избивањето на граѓанската војна во Шпанија.

Таа година кошарката и ракометот за прв пат се запишале во листата на олимписки спортови. Американците го освоиле златото во кошарка, додека во ракомет златото им припаднало на домаќините.

Вкупно Германците биле далеку најуспешна нација и освоиле 89 медали, од кои 33 златни, што е приближно еднакво на збирот од второпласираните САД и третопласираните Унгарија.

Во фудбал Италијанците ја потврдиле својата доминација, освојувајќи го златото помеѓу двете титули светски прваци.

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.