Овој крај настанал во 19 век како дом за црнците и бездомниците
Во светскиот хит “Деспасито” се пее и за плажата во Порторико, а всушност се работи за квартот “Ла Перла” кај Сан Хуан, каде моментално туристите навалија од сите страни за да ја почувствуваат атмосферата од местата каде се снимал спотот за песната.
Oвој крај под монументалните ѕидини на стариот Сан Хуан познат е како старо историско сиромашно место, каде шарените куќи се намножиле со текот на годините, а населението се ширело на самата обала.
Меѓутоа, покрај сето тоа овој крај крие и многу тажна и мрачна страна, затоа што во овој дел живее најмаргинализираното население на Порто Рико.
Oвде се случува класичен “слам туризам”, односно турисите овде доаѓаат да уживаат во сиромаштијата на другите луѓе и се сликаат покрај сиромашните куќи, ѓубрето на улиците или пак покрај сиромашните жители. Сметам дека никој нема право да го прави тоа и дека е непристојно, најмногу поради историјата на “Ла Перла”, која е и самата доволно измачена, како и животот на луѓето овде, вели Ивелис Куевас Молина, асистент на тамошниот Политички универзитет.
Овој крај настанал во 19 век како дом за црнци и бездомници. Тука имало бројни кланици во кои тие работеле, затоа што тамошниот закон не дозволувал овие групи луѓе да живеат во внатрешноста на градот. Местото поради тоа често мирисало на затруено месо и крв.
Иако од тогаш ситуацијата се поправила и понатаму “Ла Перла” се смета за сиромашен крај, каде владее насилство и продажба на дрога, поради што со години бил истакнат како несигурен и крај кој не се препорачувал за туристите.
Како и да е, песната “Деспасито” и приходите од зголемениот туризам, на оваа држава и тоа како ќе и помогнат да застане на нозе, сметајќи дека Порто Рико моментално должи повеќе од 103 милијарди евра.
A/Г/