По втор пат Планинарски Клуб МАМУТИ Прилеп го организира планинарскиот марш во чест на човекот кој го изградил домот на Селечка Планина – чичко Томе Темелкоски, уште познат и како ,,влечкарот,,.
ОПИС НА МАРШОТ
СТАРТ: 08:00 часот од манастирот Св.Димитријa – с.Селце
Турата е кружна и се опфаќа едната половина од Селечка Планина.
Должина на патеката е 15 км.
Планирано пешачење: 5 – 6 часа
Се совладува висинска разлика од 950 метри
Турата е средно тешка, секој љубител на планинарењето и планинар – почетник може да ја испешачи и да ужива во убавините на Селечка.
ПАУЗИ
Првата пауза е на локалитетот Домајчинско Чешмуре (10-15 минути); Втората пауза е кај карпата наречена Сурато (5-10 минути); Трета пауза (за поручек) е местото викано кај Стоговите (15-20 минути):Четврта пауза е во Планинарскиот дом Томе Темелкоски каде е обезбеден чај за секој учесник(15-20 минути).
ЗНАМЕНИТОСТИ
Во текот на патеката ќе ги посетиме: споменикот Устрелец, Планинарскиот Дом – Томе Темелкоски, спомен чешмата на Миле Хаџиристески, окното на неактивниот рудник за ураниум, повеќе специфични карпи кои се општо познати како Врапчето, Желката, Стогот, Суратот и симболот на слободните планинари Момата. Исто така ќе поминеме и во подножјето на врвот Чуле кој не е вклучен во програмата на маршот.
Попатно има неколку чешми со чиста планинска вода.
Организаторот обезбедува чај и планинарско гравче за секој учесник.
ПОТРЕБНА ОПРЕМА
Разгазени планинарски чизми, планинарски стапчиња, облека во согласност со временските услови, капа, наочари, крема со заштитен фактор….
НАПОМЕНА
Организаторот нема никаква одговорност кон учесниците кои не ги почитуваат инструкциите на водичите, загадување на природата со персонален отпад и сл.
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици,
Движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член доколку истиот не се придржува на насоките дадени од нив.
Организаторот го задржуваат правото за измени во зависност од временските услови и останати технички препреки
Сите планинари, добронамерници и љубители на природата се добредојдени на вториот планинарски марш во чест на чичко Томе. Ве очекуваме во голем број – порачуваат од планинарскиот клуб “Мамути”.