“Кралицата Елизабета мора да го бара правото да владее со муслиманите”, е наслов на веб форумот “Аrab Atheist” мрежата.
Како пишуваат медиумите од Казабланка до Карачи, британската кралица потекнува од пророкот Мухамед, што ја прави роднина со кралевите на Мароко и Јордан.
Овие тврдења се појавија уште пред неколку години, но сега јавноста повторно се заинтересира за оваа теорија на заговор.
Минатиот месец мароканските медиуми го прикажаа семејното стебло на кралицата во претходните 43 генерации и утврдија крвна линија до ќерката на пророкот Мухамед, Фатиме. Исто така, пишуваа дека Елизабета води потекло од Али Гома, поранешниот муфтија на Египет.