Во куќата на таткото на Милошоски покрај бомбата поставен и солзавец

policijakola2

Вчера околу 18 часот во атарот на селото Ижиште-Македонски Брод, 66-годишниот М.М. од Кичево додека косел во дворот од сопствената куќа, оштетил метален предмет кој претходно не го забележал.

 

Од ударот предметот почнал да дими формирајќи бел чад, од што истиот почувствувал солзење во пределот на очите, носот и болка во градите. По случката, М.М. се упатил во една од подрумските простории на куќата каде на влезната врата пронашол експлозивна направа поставена на внатрешната страна од влезната врата.

 

Од извршениот разговор со М.М. истиот појаснил дека последен пат во куќата бил на крајот од минатиот месец и тогаш немало ништо во куќата.

 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од Полицијата Македонски Брод и екипа од Одделот за антитерористичка заштита, при што е подигнат предметен материјал и даден за вештачење.

 

Се работи на целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.