Во Сопиште тензично: Полицијата го брани пратеникот од гневниот народ (ВИДЕО)

Група на граѓани вечерва се собра пред домот на пратеникот на СДСМ од скопско Сопиште Далибор Богдановски кој се најде на листата на пратеници од Македонска националност кои учествуваа во силеџиското изгласување на законот за двојазичност на срамниот 14. март во Собранието.

Соседите на Богдановски пред неговата куќа скандираа „Предавник, предавник“, а пееа и Македонски патриотски песни.

Пред куќата на пратеникот има силно полициско обезбедување, војска и специјална полиција која се заканува дека ќе го тепа и апси насобраниот народ.

По силеџиското изгласување на законот за двојазичност, настрада автомобилот на пратеничката од СДСМ во Виница, а се протестираше и пред домовите на пратеници од Прилеп, Драчево, Ѓорче Петров и низа други.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.