Пред голем број на граѓани, почитувачи на традицијата кои беа присутни во црквата „Св. Преображение“, традиционално беше одбележан празникот „Преображение Господово“. На настанот беше присутен и градоначалникот Марјан Ристеки.
„Им го честитам денешниот празник на сите православни верници, посакувам љубов, надеж и бериќет во секој дом и Господ да ги поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.
Според отец Блаже Станкоски, архиерејски намесник на прилепската епархија, денешниот празник „Преображение Господово“ спаѓа во големите празници што ги слави Светата Христова Црква.
Црквата „Св. Прображение“ денеска го празнува и празникот на храмот, а според народното верување денеска за прв пат во годината се бере грозје и се носи во црква каде што свештеникот по молитвата го благословува.