Градоначалникот Марјан Ристески повод денешниот празник „Св. Талалеј“, посети повеќе населени места каде праволславните верници го одбележуваат денешниот ден.
„Денеска на сите православни христијани да им го честитам денешниот празник „Св. Талалеј“, Ви посакувам многу здравје, радост, среќа и бериќет во секој дом, а на оние кои што го носат името на „Св Талалеј“ да им го честитам именденот“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Градоначалникот Ристески ги посети и останатите населени места како што се: н.м Крстец, Тројаци, Писокол и други во околината на Прилеп кои го прославуваат празникот Св. маченик Талалеј.
Нека е за многу години денешниот празник !