Во организација на танцовиот спортски клуб Темпо – Прилеп се одржа танцов натпревар кој беше вистински празник за очи. Натпреварот беше бодован во стандартни и латино – американски танци прва лига, танцови двојки втора лига и модерни танци во дисциплини и категории.
„Традиционално по повод големиот празник 11-ти Октомври, танцовиот клуб „Темпо“ го организира танцовиот натпревар, морам да Ви признаам дека овие танци се многу популарни кај младите особено сега зошто имаме нови танцови дисциплини во кој што можат да учествуваат сите членови немора да се има танцова двојка може да се танцува и во групи, посочи Славица Спиркоска тренер на танцовиот спортски клуб Темпо – Прилеп.
Сите љубители на модерните танци имаа можност да уживаат во неколку часовниот ангажман на младите и талентирани темповци.