Во Прилеп се одржаа „Ревијалните училишни смотри“ (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

_MG_6367

Синоќа во Прилеп, во домот за култура „Марко Цепенков“ се одржаа „Ревијалните смотри“ на основните училишта. Претходно секое училиште имаше свои вакви манифестации од кои беа одбрани најдобрите учесници, а на вечерашниот настан секое од 7-те основни училишта беше претставено со по 2 точки.

_MG_6860

_MG_6842

_MG_6818

_MG_6869

„Традиционално во месец мај секоја година, по завршувањето на училишните смотри, локалната самоуправа во соработка со основните училишта во градот ги организира Ревијалните смотри. Самите училишта си ги одбраа точките со кои ќе настапат пред публиката. Ќе имаме по 2 точки од секое училиште, значи 14 точки. Ова е само уште еден доказ дека локалната самоуправа покрај тоа што вложува во училишната инфраструктура за подобрување на условите за работа, таа заедно со учиштата се организатори и на голем број културни настани. Тука сакам да искажам и голема благодарност за трудот на наставниците и учениците за да ние имаме една ваква богата и интересна културна програма“, изјави Марјан Матракоски, советник за образование во Општина Прилеп.

_MG_6811

_MG_6802

_MG_6794

_MG_6782

Точките ќе ги оценува жири комисија формирана од професори од средните училишта, а како и секоја година за најдобрите 3 места се обезбедени награди. Собраните средства од влезниците ќе бидат донирани за лекување во странство на еден ученик од ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп.

_MG_6779

_MG_6766

_MG_6758

_MG_6746

_MG_6353

_MG_6342

_MG_6301

_MG_6299

_MG_6294

_MG_6292




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.