Околу 400 предмети од перидот на Викинзите се украдени меѓу 11 и 13 август во музеј во Берген на југозападот на Норвешка, соопшти управата на музејот и додаде дека ова е најголемата кражба на уметности во Норвешка.
-Доколку предметите не бидат вратени и пронајдени, тоа ќе биде најголемата кражба на дела од некој норвешки музеј во последните 200 години, изјави директорот на музејот, Хенрик вон Ахен.
Според него, предметите, поголемиот дел мали и од метал, немаат толку голема парична вредност, колку што имаат историска.
-Невозможно е тие предмети да се продадат на црниот пазар. Тоа е голем губиток за историјата, зашто културолошката и историската вредност ја надминува паричната, истакна директорот.