Полицијата во Данска истражува кражба на шише вотка за кое се тврди дека е најскапо на светот, а цената изнесува 1,3 милиони долари.
Истражителот Кнуд Хвас рекол дека е прерано да се каже дали нивниот крадец провалил во локалот “Кафе 33” или користел клуч.
Хвас рекол дека полицијата за кражбата била известена во текот на вчерашниот ден.
Данската Телевизија “ТВ2” навела дека шишето “Русо-Балтика” на себе има три килограми злато и исто толку сребро, како и чеп нареден со дијаманти.