Војната со виски сеуште трае: За овој остров две држави со децении водат војна со алкохол (ВИДЕО)

Далеку на арктичкиот север лежи изолираниот остров Ханс. Ова ненаселено место долго 1,3 км и 1,2 км широко, кое нема на него никакви видливи ресурси, е бизарна територија за која се борат две земји. Оваа  “превласт” која започнала во 30-тите години на минатиот век се води и денес, а актерите се Канада и Данска.

Борбата се заострила од 1984 година, кога тогашниот министер на Данска задолжен за Грендланд го посетил островот и таму поставил данско знаме, под кое напишал: “Добредојдовте на данскиот остров”, а до знамето оставил шише со бренди.

Подоцна Канаѓаните пак поставиле канадско знаме и ставиле шише со виски до него.

И така започнала војната со виски. Иако двете земји не можат да се договорат за тоа на кого му припаѓа островот, владите на овие две земји и понатаму водат “војна”, при што очигледно ја задржале смислата за хумор.

Погледнете за што поконкретно се работи:

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.