Вчера вечерта во Полициската станица за граничен премин – Старавина било пријавено дека на .„Расимбегов мост“ во близина на Прилеп, во два наврати било пукано од огнено оружје. Од страна на полицијата по преземените мерки, во 23,15 часот, на раскрсницата за с.Дуње-Прилеп, бил сопрен автомобилот “Сеат Толедо“ со прилепски регистерски таблици управувано од 36-годишниот Б.А., а како сопатници биле 44-годишниот П.Т. и 48-годишниот Д.Д. , сите од Прилеп. При извршениот преглед, кај Д.Д. бил пронајден пиштол “ЦЗ 99“ кал.9мм. Во разговорот истиот изјавил дека од наведениот пиштол пукал на „Расимбегов мост“, од каде подоцна и се подигнати испукани чаури. Со потврда за привремено одземени предмети, од Д.Д. бил одземен пиштолот. Против истиот по целосното расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.