Вонредна состојба во регионот, натрупа снег – снежниот циклон доаѓа во Македонија

Времето во Македонија ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од три до 11 степени.

Од недела земјава ќе ја зафати студена и влажна воздушна маса која ќе услови врнежи од снег. Во крајниот југоисток врнежите ќе бидат најпрво од дожд.

Пообилни врнежи се очекуваат ноќта во недела и во понеделник во текот на денот, особено во западните и јужните делови.

До вторник се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог. Насекаде ќе се формира снежна покривка од околу 10 сантиметри, а на планините значително зголемување на истата (над 30 сантиметри).

Инаку, во регионот веќе е прогласен црвен метеоаларм, поради снегот. Во Хрватска има 118 сантими снег и нема веќе како и каде да се чистат улиците, а делови под снег се и во Србија. Снегот доаѓа и кај нас.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.