Под влијание на многу топла воздушна маса до крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури на воздухот, кои насекаде ќе надминуваат 30, а вдолж Повардарието и 35 степени. Ултравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.
До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи, а не е исклучено овие процеси на места да бидат и поинтензивни и со град.