Еден руски новинар кој известувал во живо на телевизиските екрани се соочил со една невообичаена ситуација за неговата професија.
Имено додека тој известувал во живо во позадина се слушало гласни извици, а откако репортерот го замолил човекот да биде потивок тој се приближил до него и му удрил тупаница.
„Ако така зборуваш со мене еве што ќе добиеш“ вели на видео снимката човекот.
Инцидентот во живо го гледале повеќе од 40 илјади луѓе, а полицијата на јавноста и го откри и идентитетот на напаѓачот.