Од Центар за јавно здравје во Прилеп, информираат дека по направените
анализи не е исправна водата за пиење на четири мерни места во четири села.
Во селото Волково и во Мало Рувци не е исправна водата за пиење во
приватни два објекта, а во Чумово и Прилепец според извршените анализи,
водата која што тече од јавните чешми, не смее да се користи за пиење.
Медицинските стручњаци препорачуваат водата од овие мерни места,
задолжително да се преврива најмалку 10 минути пред употреба.
Граѓаните треба да ги почитуваат препораките, до следното известување од
Центарот за јавно здравје.