Прилеп деновиве врие од кучиња скитници кои ги има речиси во секое маало, па дури и низ централното градско подрачје.
Остатоците од храна по локалите и домовите се како магнет за појава на цели глутници, кои неретко се и агресивни кон минувачите.
Сите се сеќаваме на немилите настани од главниот град кои се случија неодамна, но и на изолирани случаи на искасани граѓани кои сеуште се појавуваат по медиумите.
Се сеќаваме и на тоа дека дел несовесни граѓани сами решија да се пресметаат со кучињата скитници поставувајќи отрови по улиците и парковите, а со тоа загрозувајќи го животот на најмалите.
Иако локалните власти во Прилеп најавија сузбивање на ваквата појава и решавање на проблемот со кучињата скитници, на дело сеуште ништо не е превземено.
Дали доколу она што се случуваше и се случува во Скопје се преслика и во Прилеп, ќе биде аларм да се преземат конкретни чекори?!