Во 20 часот и 45 минути синоќа, во аптека на улицата „Влатко Миленкоски“ во Битола непознат сторител извршил разбојништво.
Сторителот со закана со пиштол од вработените ги одзел парите од дневниот промет во вкупен износ од 38.500 денари и два мобилни телефони, по што побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.