Среќен добитник освоил 447 милиони долари во американската лотарија „Пауребол“, што е десетта најголема добивка во историјата на игрите на среќа во САД.
Добитната комбинација вредна скоро 450 милиони долари гласи 20-26-32-38-58, тикетот е уплатен во Калифорнија, наведува агенцијата АП.
На фотографијата е прикажана продавница во Калиформија во која се продава алкохол и деликатеси (Marietta Liquors & Deli), во која е продаден добитниот тикет. Многумина го нарекуваат најсреќното место во Америка.
Портпаролот на американската лотарија Ренди Милер кажа дека ќе биде потребно време да се утврди идентитетот на добитникот и дали тикетот е во ред.
Наградната игра „Пауербол“ се игра во 44 држави, меѓу кои американската сојузна држава Вашингтон, Пуерто Рико и Британските Девствени Острови.