Две жени облечени како чесни сестри пробаа да ограбат банка во мало место во американската сојузна држава Пенсилванија, соопшти полицијата.
Властите наведуваат дека вчера тие влегле во Ситизенс банката во местото Танерсвил, по што една од нив извадила пишто и барала пари од службеничката во банката. Полицијата наведува дека тие од банката излегле без никаков плен.
Тие биле облечени во црна облека на калуѓерки, а една од нив имала наочари за сонце.
Случајот го испитува и ФБИ.