Владика Петар верен на светото писмо, одлучно против проституцијата, во Прилеп го цитираше Св. Апостол Павле

На вчерашното чествување на градската слава „Св.Никола“ пред Параклисот на светецот во центарот на Прилеп Владиката Петар иронично со порака за „Маршот на црвените чадори“ и правата на, како што ги нарече, половите работнички.

За него тоа се, како што кажа, паради на најголемиот срам:

-Плоштадот на Св.Климент го скрнават и велат дека требало да ја покажат својата гордост. Ајде до скопјани, до одговорните на општините, на тие што треба улици да стават нови. Нека стават две улици за нив. За женските полови работнички нека се вика таа улица Вавилонска блудница, а за машките нека биде Распучин. Интересено би било тоа, многу убаво би било и тогаш ќе се знае за што работиме. Но да не ги осудуваме браќа и сестри. Ако немаат нека дојдат прво кај нас ќе дадеме помош за нив. И Вие сте должни сите да дадеме ама не да се продаваат телата на мажите и жените за пари! Зошто е кажано во Светото писмо од Господа преку устата на Св.Апостол Павле: „Телата Ваши зар не знаете дека се создадени да бидат храмови на светиот дух а не да бидат храмови на сатаната и на неговите демони.

Апел од мене до сите и каде што ќе се појават така само неморалот можеме да го сотреме. Поинаку не можеме. Не да осудуваме туку да укажеме дека јавно тоа не се прави. Нема, браќа и сестри, корист од некаква си т.н. „Парада на гордоста“.

-Не се тоа паради на гордоста, тоа се паради на срамот и тоа најголемиот срам, додаде тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.