Владата одлучи: Скокаат акцизите – нафтата поскапува за 3,5 денари по литар

Во рамки на Буџетот за 2018 година планирани се вкупни приходи на 193, 5 милијарди денари, односно 4,7 отсто повисоки од годинава. Расходите се планирани на 211, 7 милијарди денари, односно 4,1 отсто повисоки од годинава. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 18, 2 милијарди денари, односно дефицит од 2,7 отсто од БДП, пишува Плусинфо.

Овие мерки предложени од Министерството за финансии се дел од предлог буџетот за 2018 година кој во моментов е на јавна расправа пред да биде пратен во Владата, која пак до 15 ноември треба да го прати во Собранието.

Финансирањето на дефицитот ќе биде од домашни и надворешни извори. Се разгледува можност за еврообрзница доколку условите на пазарот бидат поволни за нашата земја бидејќи главна цел на Владата е граѓаните што помалку да бидат задолжувани.

Нема да има големи даночни промени во 2018 година, бидејќи тие се очекува да почнат да се реализираат од 2019 година. Но, ќе има зголемување на акцизата за нафта за 3 денари. При што се очекува ефект во буџетот односно да се соберат 1,6 милијарди денари кај акцизата и 350 милиони денари кај ДДВ-то. При тоа малопродажната цена на дизелот ќе се зголеми за 3,54 денари.

Најмногу капитални инвестици ќе има во образованието и во здравството, а е планирано зголемување на платите за 5 проценти во здравството, образованието, градинките и армијата, како и редовното зголемување на пензиите и надоместоците за социјала.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.